За училиштето

Општинското Основно училиште “Гоце Делчев“ – с. Јабланица – Струга е установа од посебен интерес за образование и воспитание на учениците од 6 до 15 годишна возраст со седиште во с. Јабланица, подрачно основно училиште во с. Луково, подрачно училиште во с. Пискупштина и подрачно училиште во с. Нерези. Во училиштето учат вкупно 81 ученици во 15 паралелки.

Дејноста на училиштето е од јавен интерес.

Воспитно – образовната работа (ВОР) во училиштето се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

Училиштето е регистрирано во судскиот регистар на Основниот суд Битола под број 1-125.

ООУ “Гоце Делчев“ с. Јабланица отпочна со работа во 1919 година како училиште во кое наставата се изведувала на српски наставен јазик, а од 1944 работи како основно училиште со настава на македонски јазик. Објектот е лоциран на прекрасна местополжба во централниот дел на населбата Јабланица, на надморска висина од 1014 метри.

Advertisements